Две нови засилувања: Кудев и Николовски на шестмесечна отстапница од Брегалница

Фудбалскиот клуб Кит Го добива одлични засилувања за есенскиот дел од сезоната во Втората лига - Исток по договорот со ФК Брегалница за шестмесечна отстапница на младинските репрезентативци Љупче Кудев и Анџело Николовски.

Кудев, кој е роден на 7.12.2003 година, игра на деснокрилната офанзивна позиција и е стандарден член на селекцијата до 18 години, додека Николовски, роден на 10.11.2001 година, повторно се враќа во редовите на нашиот клуб откако претходно до јуни 2020 година настапуваше за Кит Го.

Новиот шеф на стручниот штаб Трајче Сенев добива дополнително освежување за играчките редови до крајот на годината. Кит Го сезоната во Втората лига - Исток ја стартуваше со победа над Детонит јуниор од 4-1 и пораз (1-2) на гостувањето од прилепска Победа.