Натпреварот од Купот на Македонија против Шкендија одложен за 22. септември

Поради ужасната трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица, одложен е натпреварот од 1/16-финалето во Купот на Македонија меѓу Кит Го и Шкендија кој првично беше закажан за 15. септември.

Поради тридневната жалост во Македонија, Шкендија својот првенствен натпревар против Шкупи од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе го игра на 14. септември.

Токму поради тоа е одложен и дуелот од Купот на Македонија меѓу Кит Го и Шкендија кој ќе се игра на 22. септември од 15 часот.