Пораз по пресврт на гостувањето во Струмица од Беласица

Кит Го го доживеа и вториот пораз на стартот од сезоната во Втората лига - Исток. Во 3. коло од првенството Кит Го загуби со 3-1 на гостувањето во Струмица од Беласица.

А составот на Трајче Сенев одлично го почна натпреварот со активна игра и максимално контрола на теренот. Сето тоа вроди со плод во 29. минута кога Зоран Андонов донесе водство за нашиот тим од 0-1.

Во продолжението, во 36. минута домашните со голот на Александар Коцев од пенал успеаја да израмнат на 1-1 пред полувремето.

Во второто полувреме повторно главно рамноправна игра на теренот, за да во самиот финиш домашните дојдат до трите бода. Најпрво Коцев повторно стрелаше во 79. минута за 2-1, а конечните 3-1 ги постави Васил Крстев со голот во 90. минута.

Во следното 4. коло од шампионатот Кит Го ќе гостува на Братство 07 во Житоше.


ВТОРА ЛИГА - 3. КОЛО
БЕЛАСИЦА - КИТ ГО 3-1 (1-1)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица. Стрелци: Коцев 36'(п), 79', Крстев 90' (Б) - Андонов 29' (КГ).