Убедлива победа против Братство во Прилеп

Фудбалерите на Кит Го ја запишаа и втората победа во новата сезона од Втората лига - Исток, сосема заслужено убедливо трумфирајќи со 0-4 на гостувањето против Братство на натпреварот кој се одигра на игралиштетот „Могила“ во Прилеп.

Уште од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека избраниците на Трајче Сенев нема да дозволат никакво изненадување во Прилеп. Па уште од самиот почеток агресивната игра вроди со плод со голот на Михаил Милевски веќе во 10. минута.

Во продолжението одлично можности се редеа пред голот на домашните, но мрежите останаа нечепнати.

Сепак, сето што не се реализираше во првиот дел, ефектуирано во второто полувреме кога најпрво Зоран Андонов во 68. минута убаво погоди за 0-2. Веќе во 74. минута со голот на Леон Цуцковски беше и 0-3, а нововлезениот Бобан Ангелов во 84. минута заокружи за конечни 0-4.

Во следното, 5. коло, од Втората лига - Исток фудбалерите на Кит Го на 25. септември на домашен терен го пречекуваат гевгелиски Кожуф.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (4. коло)
БРАТСТВО - КИТ ГО 0-4 (0-1)

Игралиште на Могила во Прилеп. Стрелци: Милевски 10', Андонов 68', Цуцковски 74', Ангелов 84' (КГ)