Пораз од Шкендија во 1/16-финалето од Купот на Македонија

Фудбалерите на Кит Го загубија од Шкендија со 0-2 (0-1) во 1/16-финалето од Купот на Македонија не успевајќи да обезбедат место во осминафиналето од најмасовното домашно клупско натпреваруње.

Младите фудбалери на Кит Го максимално успешно парираа против големиот фаворит, но немаа сили за изненадување против актуелниот шампион на Македонија.



Шкендија во првото полувреме до водство од 0-1 дојде во 23. минута со голот на Шала, а потоа во главно израмнет меч во вториот дел, вториот погодок следеше во последните секунди од средбата кога погоди Љупче Дориев за конечни 0-2.