Бобан Ангелов донесе значајна победа над Кожуф

Фудбалерите на Кит Го запишаа повеќе од значајна победа, триумфирајќи со 1-0 против Кожуф во 5. коло од Втората лига - Исток.

Во главно израмнет натпревар во кој немаше премногу возбудувања во поголемиот дел од средбата, нашиот тим до триумфот дојде со погодокот на Бобан Ангелов во 89. минута од средбата откако умешно ја искористи асистенцијата на Јонус Рушту.

Во второто полувреме и гостите имаа неколку убави можности за погодок, но одличен на голот на Кит Го беше Мартин Давков.

Во следното 6. коло од Втората лига - Исток, Кит Го ќе гостува на Каменица Саса во Македонска каменица.


ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (5. коло)
КИТ ГО - Кожуф 1-0 (0-0)

Градски стадион во Пехчево. Стрелец: Бобан Ангелов 89' (КГ)