Пораз на гостувањето од Каменица Саса

Фудбалерите на Кит Го запишаа пораз од 2-0 од Каменица Саса во 6. коло од Втората лига - Исток.

Домашните победата ја осигураа со два брзи гола уште на почетокот на натпреварот. Најпрво во 8. минута водство од 1-0 за Каменица Саса донесе Димоски, а веќе во 28. минута со голот на Мисердовски домашните дојдоа до предност и од 2-0.

Во продолжението далеку поквалитетни игра на избраниците на Трајче Сенев кои создаваа шанси пред голот на Каменица Саса но изостана реализацијата. 

Во второто полувреме, во 67. минута одлична можност за гол имаше Цуцковски по проигрувањето од Ступиќ, шанси имаа и Андонов и Николовски но резултатот остана непроменет.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (6. коло)
КАМЕНИЦА САСА - КИТ ГО 2-0 (2-0)

Градски стадион во М. Каменица. Стрелци: Димоски 8', Мисердовски 28' (КС).