Сенев: Тимот се комплетира, одиме на победа против Слога

Кит Го, по репрезентативната пауза, во 7. коло од Втората лига - Исток во сабота (16. октомври) на домашен терен со почеток од 14 часот во Пехчево го пречекува тимот на Слога Виница.

Шефот на стручниот штаб Трајче Сенев изминатиов тим работеше на подигнување на формата на тимот во насока на продолжување на битката за водечките позиции на табелата.

„Носиме оптимизам пред пресметката со Слога Виница со оглед на тоа што полека се комплетира нашиот тим. За овој натпревар се враќаат Давид Бошевски како и Кире Трпчевски, а ќе недостасува единствено Оливер Христов кој е повреден. Затоа очекувам максимална борба од секој поединец на теренот“ - вели Сенев.

Според стратегот на Кит Го, победата е секако желба на секој поединец во тимот иако за сите во клубот е јасно дека Слога е навистина сериозен противник кој максимално се респектира.

„Задоволен сум од текот на формата на тимот која оди во нагорна линија. Верувам дека ќе прикажеме квалитетна игра против Слога, кој е навистина квалитетен состав, но нашиот императив секако се трите бода“ - истакнува Трајче Сенев.