Пораз од пенал во последната минута од Слога 1934

Во максимално израмнет натпревар, фудбалерите на Кит Го загубија со 1-2 од Слога 1934 во 7. коло од Втората лига - Исток само поради погодокот примен од пенал во 90. минута од средбата.

По првото полувреме кое осамна без постигнат погодок, најинтересните моменти на дуелот се случија во вториот дел кога беа постигнати сите три погодоци.

Најпрво гостите поведоа со голот на Бојан Иванов во 52. минута, но веќе само по три минути игра капитенот Бошко Ступиќ успеа да израмни на 1-1.

Во рамноправна игра во продолжението, кога се чинеше дека на крај двете екипи заслужено ќе ги поделат бодовите, Слога 1934 до триумфот дојде во последните секунди со голот на Иван Митров од белата точка.

Во следното коло од првенството, на 23. октомври Кит Го гостува во Кочани против екипата на Осогово.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. КОЛО)
КИТ ГО - Слога 1934 1-2 (0-0)

Градски стадион во Пехчево: Стрелци: Ступиќ 55' (КГ) - Иванов 52', Митров 90'(п) (С)