Оливер Христов се враќа на терените: Против Осогово на позитивен резултат

Фудбалерите на Кит Го во 8. коло од Втората лига - Исток денеска од 14 часот гостуваат на Осогово во Кочани. По претходниот пораз од Слога Виница желбата кај избраниците на Трајче Сенев е повторно да се вратат на позитивните резултат за приклучок кон горниот дел од табелата во второлигашката конкуренција.

Во тимот, по подолгата пауза поради повреда, повторно се враќа еден од столбовите на одбраната Оливер Христов.

„По поразот во Пехчево од Слога Виница мислам дека добро ги осознавме нашите грешки, па сигурно сме подготвени да ги корегираме на следните натпревари. Не очекува тежок натпревар во Кочани, мал дерби-дуел од кој секако очекуваме позитивен резултат. По подолга пауза поради повредата се враќам во екипата и се надевам дека ќе помогнам на моите соиграчи да дојдеме до позитивен резултат“ - вели искусниот дефанзивецот Оливер Христов.

За пресметката со Осогово во Кочани единствено ќе недостасува Михаил Милевски.