Доминантна игра, убедлив триумф на гостувањето против Осогово

Фудбалерите на Кит Го запишаа сосема заслужена победа на гостувањето против Осогово во Кочани од 0-3 во 8. коло од Втората лига - Исток. Составот на Трајче Сенев беше далеку подоминантен на дуелот со целосна контрола на играта и резултатот и на крај убедлив триумф.

Уште во 7. минута Бошко Ступиќ го погоди дирекот од домашниот гол по една грешка на одбраната на Осогово. Во 15. минута и Бошески имаше одличен обид со глава по корнерот на Рушту, но одбрани домашниот голман.

Во 44. минута Осогово остана со играч помалку по вториот жолт картон на Голабоски, а веќе во следната минута Зоран Андонов постигна еврогол директно од слободен удар од 20 метри погодувајќи во десниот горен агол за водство од 0-1.

Во второто полувреме Осогово преку Симевски во 49. минута имаше можност за израмнување, но неуспешно. Тоа беше се главно од домашните, а Кит Го веќе во 68. минута со вториот гол на Зоран Андонов дојде и до предност од 0-2. Веќе во 70. минута со автоголот на Дарко Спировски нашиот тим дојде и до конечни 0-3.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (8. КОЛО)
Осогово - КИТ ГО 0-3 (0-1)

Градски стадион во Кочани. Стрелци: Андонов 45', 68', Спировски 70' (аг)