Андонов: Победите како онаа во Кочани ни носат дополнителен мотив за следните натпревари

Фудбалерите на Кит Го на најдобар можен начин го завршија гостувањето против Осогово во Кочани, со убедлива победа од 0-3.

Задоволството од убедливото издание и доминанацијата во Кочани не го крие и еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, Зоран Андонов кој со два гола ја круниса одличната игра.

„Заслужена победа на гостувањето во Кочани. Одигравме согласно договорот, во текот на целиот натпревар контролирајќи ја играта и не дозволувајќи ниту најмало изненадување. Оваа игра е голем мотив плус за следните натпревари. Најважни од секој меч секако се бодовите, но и квалитетните изданија носат дополнителен импулс за следни добри игри. Тимот полека се комплетира по неколку повреди кај првотимци, и тоа исто така многу ќе ни значи за следните дуели“ - вели Андонов.

Кит Го веќе во сабота (30. октомври) во Пехчево го пречекува тимот на Локомотива Градско.