Ступиќ: Младите играчи во тимот се најзаслужните за добрите резултати на тимот, мотивирани ја очекуваме и Победа

Фудбалерите на Кит Го се во водечката четворка во Втората лига - Исток благодарение на одличните игри на последните два натпревари и убедливите победи.

Капитенот на тимот, офанзивецот Бошко Ступиќ е задоволен од изданието на екипата против Локомотива нагласувајќи дека сето тоа носи мотив за квалитетна игра и против прилепска Победа во следното коло.

„Задоволни сме од победата над Локомотива, сега концентрирајќи се целосно на натпреварот со Победа. Ја оставаме улогата на фаворит на лидерот Победа, но играме на домашен терен и ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат“ - вели Ступиќ.

Лидерот во тимот нагласува дека добрите резултати се пред се најголема заслуга на младите фудбалери кои се поинтезивно демонстрираат отворен квалитет.

„Младите фудбалери навистина напредуваат, играат добро и тие се најзаслужните за добрите резултати на екипата. Токму овие резултати ни носат дополнителен мотив за продолжението од првенството“ - истакнува Ступиќ.