Без победник на дуелот со прилепска Победа

Фудбалерите на Кит Го ремизираа (1-1) во пресметката од 10. коло во Втората лига - Исток.

Низ главно рамноправен натпревар во кој Кит Го беше поблиску до победата, избраниците на Трајче Сенев дојдоа до водство со погодокот на Љупче Кудев во 51. минута од средбата.

Во продолжението Кит Го умешно ја чуваше предноста се до 75. минута од натпреварот кога Спиркоски успеа да го израмни резултатот за конечни 1-1.

Во следното, 11. коло од Втората лига - Исток фудбалерите на Кит Го ќе гостуваат против Детонит јуниор во Радовиш.