Сенев: Сакаме продолжение на позитивната резултатска серија

По четирите едноподруго натпревари без пораз во кои запишаа три победи и реми со лидерот Победа, фудбалерите на Кит Го во 11. коло од Втората лига - Исток утре на гостувањето во Радовиш против Детонит јуниор во желба за нова победа.

Избраниците на Трајче Сенев, тимот кој е спој на искуство и младост, зад себе имаат четири одлични натпревар па сосема очекувано оптимистичко е расположението и кај шефот на стручниот штаб кој очекува ново позитивно издание.

„Имаме успешна серија зад себе во кој можевме и до трите бода против Победа, но сето тоа е сега зад нас. Паузата поради настапите на репрезентациите ја искористивме максимално за дополнителна подготовка и освежување на тимот, па повторно мотивирани пристапуваме на натпреварот со Детонит јуниор. Целосно го респектираме противникот, цврст тим кој игра колективно во желбата за победа, но секако и ние имаме свои амбици“ - истакнува Сенев.

Натпреварот меѓу Детонит јуниор и Кит Го во Радовиш се игра утре со почеток од 13 часот.