Актуелно

Пораз во последните секунди од Детонит јуниор

Фудбалерите на Кит Го доживеаја минимален пораз од 1-0 на гостувањето против Детонит јуниор во Радовиш по погодок примен во 90. минута од средбата. Во натпревар во кој Кит Го доминираше на теренот, домашните искористија еден брз контранапад во последните секунди од натпреварот за три бода.

Во првото полувреме, избраниците на Трајче Сенев беа далеку подобар тим на теренот но активната игра не резултираше со погодок.

На почетокот на второто полувреме, во 50. минута Зоран Андонов имаше 100% шанса избивајќи сам пред голот на домашните но шутираше непрецизно од десеттина метри.

Домашните во 60. минута останаа и со играч помалку по исклучувањето на Асанов. Па, потоа во континуитет се редеа акциите на Кит Го, но откако останаа нереализирани неколку убави можности на спротивната страна во 90. минута Дени Андонов по еден контранапад постигна погодок и донесе победа за Детонит јуниор од 1-0.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (11. КОЛО)
Детонит јуниор - КИТ ГО 1-0 (0-0)

Градски стадион во Радовиш. Главен судија: Никола Костенчев (Скопје). Стрелец: Дени Андонов 90' (ДЈ).