Христов: Против Беласица да се вратиме на победите

По претходниот пораз од Детонит јуниор, фудбалерите на Кит Го денеска во 12. коло од Втората лига - Исток ги очекува нов сериозен предизвик, овој пат на домашен терен против Беласица.

Дефанзивецот Оливер Христов потенцира дека се извлечени поуките од претходниот натпревар и сега тимот максимално мотивиран оди на триумф против струмичани, иако е јасно дека ќе биде тежок натпревар.

„Имаме сега тежок противник по мерка, со вистински испит за нас да се види дали може да го корегираме грешките кои се појавија на претходниот натпревар во Радовиш. Не очекува навистина тежок натпревар, но ќе дадеме се од себе да се вратиме на победите. Позитивната атмосфера во тимот треба да ни даде крилја да дојдеме до победата“ - вели Христов.

Натпреварот меѓу Кит Го и Беласица од 12. коло во Втората лига - Исток се игра денеска со почеток од 13 часот во Пехчево.