Актуелно

Пораз од Кожуф на тежок терен за игра во Гевгелија

Фудбалерите на Кит Го загубија со 2-1 (1-1) на гостувањето против Кожуф во 14. коло од Втората лига - Исток. Под исклучително тешки услови за игра на тежок каллив терен на крајот гевгеличани беа поумешни доаѓајќи среќно до бодовите.

Домашните брзо дојдоа до предност со голот на Стефан Терзиев уште во 7. минута од средбата.

Но, по таа предност на Кожуф во продолжението фудбалерите на Кит Го ја преземаат контролата на играта, поактивно нижејќи можности за израмнување кое доаѓа во 45. минута преку Михаил Милевски.



Низ максимално израмнето второ полувреме во кое Кит Го имаше свои шанси, домашните сепак дојдоа до победата со вториот гол на Терзиев во 78. минута.

Во следното 15. коло од првенството, Кит Го на домашен терен ја пречекува екипата на Каменица Саса.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (14. коло)
КОЖУФ - КИТ ГО 2-1 (1-1)

Градски стадион во Гевгелија. Стрелци: Терзиев 7', 78' (К) - Милевски 45' (КГ)