Скопска судиска четворка предводена од Кристијан Ѓуровски ќе ја дели правдата на последниот натпревар од есенскиот дел во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и Плачковица кој утре (12. декември) од 13 часот се игра на Градскиот стадион во Пехчево.
Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, Дарко Алексовски, далеку попознат како Пеле, денеска стана татко. Дарко, заедно со својата сопруга Јована, добија синче кое ќе го носи името на славниот бразилски фудбалер - Нејмар.
Фудбалерите на Кит Го загубија со 2-0 на гостувањето против Брегалница во 15. коло од Втората лига - Исток.
Пионерските категории на Кит Го со победа и пораз го завршија викенд-колото во првенството на Македонија.
Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови на натпреварот против Каменица Саса во Пехчево, во 14. коло од Втората лига - Исток.