Искористувајќи ја паузата во првенството на Втората лига - Исток, поради репрезентативните активности, фудбалерите на Кит Го денеска одиграа пријателски натпревар против членот на Третата лига - Југоисток, ФК Василево.
Продолжува победничката серија на Кит Го, овој пат заокружена со нов триумф од 2-0 сега во 12. коло од Втората лига - Исток на домашен терен против Плачковица.
Петар Најдов одигра извонреден натпревар изминатото коло во гостинскиот триумф на Кит Го против Кожуф во Гевгелија. Сега посакува тимот да продолжи во ист стил и на денешниот натпревар од 12. коло против Плачковица на домашен терен.
Фудбалерот на Кит Го, Анџело Николовски доби повик за настап во македонската репрезентација до 19 години која во периодот од 10. до 19. ноември во Скопје ќе ги игра претквалификациските натпревари за пласман на Европско првенство.
Дени Лековски од Битола ќе биде главен судија на натпреварот на Кит Го против Плачковица во рамките на 12. коло од Втората лига - Исток кој се игра на 10. неомври (недела) со почеток од 13:30 часот.