Целокупниот колектив на ФК КИТ ГО, од срце, на сите свои навивачи и симпатизери, бројни соработници и спортски пријатели ја честита Новата 2020 година и новогодишните и божиќни празници.
Младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски е првото засилување за Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.
Крајот на актуелната календарска година и дочекот на Новата 2020 година носи радост и за најмладите членови на нашето фудбалско семејство. Раководството на ФК Кит Го се одлучи завршувањето на активностите за 2019 година кај најмладите категории да го одбележи со новогодишен коктел, подготвувајќи и новогодишни подароци за сите генерации.
ФК Кит Го, без сомнение, е најпријатното изненадување во второлигашката конкуренција на Истокот во сезоната 2019/2020. Со извонредна серија од седум едноподруго победи во финишот избраниците на Емил Грнев на крајот од есента завршија на третата позиција на табелата со само три бода заостанување зад водечката Беласица.