Александар Урошевиќ од Тетово ќе биде главен судија на утрешниот натпревар од 11. коло во Втората лига - Исток меѓу Осогово и Кит Го кој се игра од 13 часот во Радовиш.
Искусниот Мартин Димоски не го крие задоволството од победата нагласувајќи дека е уште послатка затоа што е реванш за поразот во првото коло во Прилеп.
Фудбалерите на Кит Го ја запишаа и третата победа во новата сезона од Втората лига - Исток, славејќи во 10. коло на домашен терен против прилепска Победа со 1-0.
Поради измените во Протоколо за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19, Фудбалската федерација на Македонија денеска одлучи да ги одложи сите натпревари во најквалитетните домашни лиги кои викендов беа на програмата според натпреварувачкиот календар.
Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на натпреварот од 10. коло во Втората лига - Исток меѓу Кит Го и прилепска Победа кој во сабота (31. октомври) со почеток од 13:30 часот се игра на стадионот во Пехчево.