Дарко Стојчевски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот од 7. коло во Втората лига - Исток меѓу Плачковица и Кит Го кој утре од 15 часот се игра во Радовиш.
Кит Го го доживеа и третиот пораз во новата сезона од Втората лига - Исток, овој пат на домашен терен од Брегалница со 0-1 во 6. коло.
Влатко Илиоски од Прилеп ќе биде главен судија на натпреварот од 6. коло во Втората лига - Исток против Брегалница кој се игра в недела (4. октомври) од 15 часот на Градскиот стадион во Пехчево.
Кит Го ќе се соочи на гостински терен против Шкупи во Скопје, во осминафиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
По пласманот во осминафиналето од Купот на Македонија продолжува победничкиот ритам на фудбалерите на Кит Го кои славеа со 2-3 на гостувањето против Каменица Саса во 5. коло од Втората лига - Исток.